ОДЛУКА за раскинување на Договор за БОС со ЕЛНОР ДОО Скопје

 

  Согласно поднесеното Барање за преземање балансна одговорност со арх.бр.12-4492 од 16.08.2019г од Балансно одговорната страна Енерџи Диливери Солушнс  ЕДС ДООЕЛ и ОДЛУКА арх.бр.12-4492/4 од 19.08.2019г од АД МЕПСО Подружница ОПЕЕ, АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ на ден 20.08.2019 година ја донесе следната:

ОДЛУКА

1. Се раскинува Договорот за балансна одговорност со арх. бр. 11-7737 од 15.12.2017г и  Анекс бр.1 со арх.бр.02-3556 од 26.06.2019г склучен со ЕЛНОР ДОО увоз-извоз Скопје со ЕДБ: 4080014544990. Истиот престануваа да важи на 31.08.2019г во 24:00 часот. 

2. Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за балансна одговорност, учесникот на пазарот на ел.енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на БОС согласно член 49 став 5 од Правилата за пазар на електрична енергија.

2. Жалбата изјавена против одлуката не го одлага нејзиното извршување.

3. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.