О Д Л У К А за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП - МХЕЦ ТОПОЛКА со референтен број 315

 

      Врз основа на член 12 став 7 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 23 став 1 алинеа 1 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/18, 222/18, 241/18,65/19, 137/19 и 279/19), Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013), член 12 од Изјавата за основање на Операторот на пазар на електрична енергија  на Република Северна Македонија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје ( Пречистен текст - арх.на АД МЕПСО бр.02-942/2 од 15.03.2019 година), Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 20.11.2020 година донесе:

 

О Д Л У К А

за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

 

  1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-2760/3 од 03.09.2020 година склучен помеѓу МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје – МХЕЦ “ТОПОЛКА со референтен број 315” со ЕДБ: 4080014546101 и EIC: 33XE-TOPOLKA315T и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 09-2760/4 од 03.09.2020 година.

Договорот престанува да важи на ден 25.11.2020 година во 24:00 часот, согласно член 12 став 7 од истиот и согласно член 23 став 1 алинеа 1 од Правилата за пазар на електрична енергија.

 

  1. Се брише учесникот на пазарот - МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје – МХЕЦ “ТОПОЛКА со референтен број 315” со ЕДБ: 4080014546101 и EIC: 33XE-TOPOLKA315T од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 24 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.

 

  1. Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 23 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.

 

  1. Приговор против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување согласно член 24 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 14 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.

 

  1. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.