Р Е Ш Е Н И Е за престанување на Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП за Актуел Енерџи Груп - МХЕ Ковачка 23

 

Р Е Ш Е Н И Е

за престанување на Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

 

  1. Се раскинува Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх.бр.02-4394 од 12.08.2019 година склучен со Друштво за трговија со електрична енергија АКТУЕЛ ЕНЕРЏИ ГРУП ДОО Скопје – за МХЕЦ Ковачка 23 со ЕДБ: 4043014516650 согласно член 19 став 1 алинеа 2 од истиот, член 23 од Правилата за пазар на електрична енергија и Барањето за повлекување од Пазарот на електрична енергија со арх.бр.09-381/3 од 28.01.2020 година.

    Договорот престанува да важи на 31.01.2020 година во 24:00 часот.

     

  2. Се бришење учесникот на пазарот - АКТУЕЛ ЕНЕРЏИ ГРУП ДОО Скопје – за МХЕЦ Ковачка 23 со ЕДБ: 4043014516650 од Регистарот на учесници на пазарот согласно член 21 став 5 од Правилата за пазар на електрична енергија.

     

  3. Согласно член 23 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија, престанувањето на важење на Договорот за учество на пазарот не го ослободува учесникот на пазарот од финансиски и други материјални обврските кон Национален оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје - ОПЕЕ и другите учесници на пазарот кои што ги презел за време на неговото учество на пазарот.

     

  4. Жалбата изјавена против решението не го одлага нејзиното извршување.

     

  5. Ова решение стапува во сила на денот на донесувањето.