Промена на назив/фирма на учесникот на пазар на ел.енергија ПАУЕР ЕНЕРЏИ СИСТЕМИ ДООЕЛ Скопје во СОЛАРИС ПАУЕР ДООЕЛ Скопје

 

Согласно известување со арх. бр. 11-5417од 29.08.2018г од Друштво за трговија и услуги ПАУЕР ЕНЕРЏИ СИСТЕМИ ДООЕЛ Скопје за упис на промена на назив, седиште на друштвото, сопственичка структура и управител, АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ на ден 31.08.2018г потпиша:

  • анекс кон Договор за учество на пазар на ел.енергија за измена на назив на компанијата, каде новиот назив гласи Друштво за трговија и услуги СОЛАРИС ПАУЕР ДООЕЛ Скопје со седиште на бул.Илинденска бр 100А претставувано од Иоанис Панагиотопулос, и
  • анекс кон Договор за Балансна одговорност за измена на назив на компанијата, каде новиот назив гласи Друштво за трговија и услуги СОЛАРИС ПАУЕР ДООЕЛ Скопје со седиште на бул.Илинденска бр 100А претставувано од Иоанис Панагиотопулос

Компанијата  - субјект нема промени во EIC кодот, ЕМБС, ЕДБ и жиро сметка на депонент банка.