ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со Друштвото за производство, трговија и услуги НЕКО ТРАНСБАЛКАН ДООЕЛ експорт – импорт Скопје

 

     Согласно член 28 став 1 од Правилата на пазар на електрична енергија за Друштвото за производство, трговија и услуги НЕКО ТРАНСБАЛКАН ДООЕЛ експорт – импорт Скопје, АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ на ден 19.04.2019 година ја донесе следната:

ОДЛУКА

1. Се раскинува Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 11-4250 од 20.07.2016 година склучен со Друштвото за производство, трговија и услуги НЕКО ТРАНСБАЛКАН ДООЕЛ експорт – импорт Скопје со ЕДБ: 4080009500462. Истиот престануваа да важи на 21.04.2019 година  во 24:00 часот. 

2. Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на ел.енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на ел.енергија, согласно член 29 од Правилата за пазар на електрична енергија.

2. Жалбата изјавена против одлуката не го одлага нејзиното извршување.

3. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.