Ве известуваме дека Согласно доставено Барање за укинување на статус на Балансно одговорна страна со арх. бр. 11-3420 од 23.06.2017 година од страна на Енергетска Финансиска Група АД Софија Подружница Скопје, АД МЕПСО – Подружница ОПЕЕ на ден 23.06.2017 година донесе одлука со која се раскинува Договор за балансна одговорност со арх. бр. 11-4211 од 20.07.2016 година склучен со Енергетска Финансиска Група АД Софија Подружница Скопје, истиот престанува да важи на 30.06.2017 година во 24:00 часот.