Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија

 

     Согласно член 17 став 1 од  Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазар на електрична енергија се обврзува на МЕМО ДООЕЛ Скопје  - ОПЕЕ да му обезбеди финансиска гаранција со која ќе се гарантира навремено и редовно плаќање на обврските произлезени од Договорот.

 

Висината на гаранцијата ја пресметува МЕМО ДООЕЛ Скопје земајќи го највисокиот процент на учество на енергијата од повластените производители во 2019 година кој во мај 2019г изнесуваше 9,81% од конзумот и цената на продажба на енергијата од повластените прозводители во висина од 5.672,00ден.

 

Финансиската гаранција се пресметува да обезбеди 2 фактури.