Известување за поднесено барање за раскинување на договор за учество на пазар од страна на СОЛАРПРО ХОЛДИНГ

Согласно член 20 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија,  Ве известуваме дека од страна на СОЛАРПРО ХОЛДИНГ АД Софија Р.Бугарија - Подружница во Р. Македонија е поднесено барање со арх.бр. 11-3247 од 27.05.2016 год. за раскинување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија со арх.бр. 11-1261 од 25.02.2016 год. во својство на трговец со електрична енергија. Воедно, учесникот наведува дека ќе поднесе барање за регистрирање на учесник на пазарот на електрична енергија со лиценца Снабдување со електрична енергија.