ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија - ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица

 

     Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО ДООЕЛ Скопје, Операторот на пазар на електрична енергија на ден 06.08.2021 година ја донесе следната

 

ОДЛУКА

за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија

 

  1. Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица, со ЕДБ: 4027010511550 од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија и Договорот потпишан со МЕМО ДООЕЛ Скопје односно неизвршување на обврските од билатералниот договор за испорака на електрична енергија склучен со АД МЕПСО заведен под архивски број 09-7806 од 15.12.2020 година.
  2. Времетраењето на суспензијата започнува од 06.08.2021 година и трае заклучно со 31.10.2021 година.
  3. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето
  4. Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршуавње.

 

Образложение:

На 01.08.2021 година до ОПЕЕ, од страна на учесникот на пазар на електрична енергија, Енерџи Уинд ДОО Струмица, по електронска пошта, пристигна Известување во кое го информираат деловниот партнер АД МЕПСО дека не е во можност да го испочитува билатералниот Договор за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа, уредно заведен во архивите на двете компании.

 

Врз основа на ова известување, а согласно Законот за енергетика, член 68, став 3 и 4 и член 88 став 1, како и согласно член 27 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 96 став 5 од Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем, ОПЕЕ – МЕМО ДООЕЛ кој според горенаведениот Закон и подзаконските акти е одговорен за ефикасно и правилно функционирање на пазарот на билатерални договори, воедно е и должен да реагира за сите неправилности кои ќе ги забележи на пазарот со билатерални договори, на ден 03.08.2021 година, по електронска пошта, до учесникот на пазар на електрична енергија, Енерџи Уинд ДОО Струмица, испрати Предупредување за непочитување на билатерален договор, во кое му укажа на учесникот на пазар дека со неговото непочитување на билатералниот договор и неисполнување на обврските за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа на преносниот оператор АД МЕПСО,  го нарушува фунционирањето на пазарот на електрична енергија.

 

Истиот ден, после затворање на времето дозволено за трансакции, ОПЕЕ увиде дека учесникот на пазар на електрична енергија не се придржува кон укажувањата од Предупредувањето за непочитување на билатералниот договор и на истиот, врз основа на член 22 од Правилата за пазар на електрична енергија, му изрече Опомена пред суспензија во која, до зададениот рок, 06.08.2021 година, децидно побара од учесникот на пазарот да ги отстрани причините за опомената, односно да го почитува билатералниот договор со АД МЕПСО.

 

Учесникот на пазар на електрична енергија, Енерџи Уинд ДОО Струмица, не постапи по барањата на ОПЕЕ, нотирани во Опомената за суспензија, до рокот кој е наведен во истата, со што Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, на ден 06.08.2021 година, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.