Одлука за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП - за ЕНЕКОД ДОО Скопје

 

    Врз основа на член 14 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 173/18, 222/18, 241/18,65/19, 137/19 и 279/19), Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013), член 12 од Изјавата за основање на Операторот на пазар на електрична енергија  на Република Северна Македонија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ Скопје ( Пречистен текст - арх.на АД МЕПСО бр.02-942/2 од 15.03.2019 година), Управителот на МЕМО ДООЕЛ Скопје на ден 26.05.2021 година донесе:

 

О Д Л У К А

за престанување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП

 

  1. Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр.10-628/1 од 10.02.2020 година и Aнекс 1 со арх.бр.09-648/1 од 10.02.2021 година и Договор за формирање на балансна група со арх.бр 09-1199/1 од 01.04.2020 година склучен помеѓу ЕНЕКОД ДОО експорт-импорт Скопје со ЕДБ: 4043016520956 и EIC: 33XENEKOD-OOOMK0 и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх.бр. 10-628/2 од 20.02.2020 година. Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија престанува да важи на ден 31.05.2021 година во 24:00 часот, согласно член 12 став 3 од истиот и согласно член 23 став 4 алинеја 7 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  2. Се брише учесникот на пазарот - ЕНЕКОД ДОО експорт-импорт Скопје со ЕДБ: 4043016520956 и EIC: 33XENEKOD-OOOMK0 од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 24 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
  3. Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 23 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
  4. Приговор против оваа Одлука согласно член 24 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 14 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија не го одлага нејзиното извршување согласно член 24 став 5 од Правилата за пазар на електрична.
  5. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето