Согласно член 53 и член 54 од Правилата за пазар на електрична енергија, Ве известуваме дека се пренесува балансната одговорност на ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ од Енерџи Деливери Солушнс – ЕДС ДОО Скопје на ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје поради доставено барање за пренесување на балансната одговорност со арх. бр.11-5756 од 12.09.2016 година.
Балансната одговорност на Енерџи Деливери Солушнс ЕДС ДОО Скопје за ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ престанува да важи на 31.09.2016 година до 24:00 часот.
Балансната одговорност на ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје за ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ започнува да важи од 01.10.2016 од 00:00 часот.