За ОПЕЕ

Од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, МЕМО ја доби лиценцата за организирање и управување со Пазарот на електрична енергија.

Краток опис на надлежностите на ОПЕЕ

Организација на пазарот на електрична енергија;

Воспоставување, организирање и контрола на тргувањето со моќност, електрична енергија и системски услуги, вклучувајќи го и прекуграничното тргување;

Краткорочна прогноза (неделна, дневна и часовна) на потребите од електрична енергија;

Постапка за порамнување на договорените и остварените трансакции врз основа на мерењата направени од страна на операторот на електро-енергетскиот систем;

Следење на состојбите и појавите на пазарот на електрична енергија со цел за спречување на неконкурентни однесувања;

Механизам за барање и добивање информации од други вршители на дејности за развојот на конкурентските односи на пазарот;

 

Оранизациска структура


Организациската структура на МЕМО се состои од 3 главни оддели во рамките на коишто оперираат по 3 служби:


  1. Оддел за правни, финансиски и општи работи
  2. Оддел за управување на работењето пресметки и контрола
  3. Оддел за развој и организирано тргување со ЕЕ


Во продолжение е прикажана организациската структура на МЕМО дооел, Скопје.

 

Организациска структура на МЕМО дооел, Скопје